четврток, 2. мај 2024. Вести денес: 0
home Познати

Славниот пар купува вила вредна 85 милиони долари – поседува дури и паркинг за 80 луѓе

Славниот пар купува вила вредна 85 милиони долари – поседува дури и паркинг за 80 луѓе

Латино дивата Џенифер Лопез и глумецот Бен Афлек откако се вратиле од одмор одлучиле да тргнат во потрага по совршениот заеднички дом.

Јасно е дека тоа нема да биде мал апартман, стан или куќа, туку раскошна вила. Имено, славниот пар е заинтересиран за имот кој ќе се истакнува со луксуз.

Како што наведуваат странските медиуми, Џеј Ло и Бен неодамна разгледувале вила вредна 64 милиони долари, но не им фатила око. Потрагата по вила продолжила во Беверли Хилс па наишле на друг имот вреден 85 милиони долари.

Луксузната вила има 12 соби, 24 тоалети, пентхаус за гости, сместување за персоналот и гостинска куќа со две спални соби. Имотот поседува и паркинг за околу 80 луѓе, спортски комплекс кој вклучува боксерски ринг и кошаркарски терен.

Најнови вести