Карди Би и Офсет изненадија многу свои фанови со своето однесување на црвениот тепих пред доделувањето на Греми наградите.
Парот им се препушти на страстите пред камерите, а се бакнуваа како да се во спалната соба, пред со насмевка да се свртат кон насобраните фотографи.
Видеото на кое може да се види овој чин на парот брзо се прошири на социјалните мрежи, а многумина го критикуваа нивното однесување.
Offset & Cardi B having a moment on the red carpet for #Grammys weekend 💘pic.twitter.com/yehW9RBtnQ
— Wave Check🌊 (@thewavecheckk) February 5, 2023
„Одвратно. Зошто не водите љубов дома? Не сте за црвениот тепих“, напиша еден фан.
„Оние кои вака покажуваат јавна наклонетост обично се оние кои не сакаат да признаат колку им е лош односот“ – вели друго лице.
Сепак, некои луѓе излегоа во одбрана на парот.