На денешен ден, пред точно петнаесет години, во Бјелина почина познатиот пејач Нино Решиќ.
Денеска е особено тажен ден за неговата ќерка, популарната пејачка Сандра Решиќ, која му посвети емотивна објава на Инстаграм.
Станува збор за заедничка фотографија, која секогаш ја потсетува на некои подобри времиња.
“Ми недостигаш, засекогаш“.
View this post on Instagram
Неодамна во емисијата „Премиера викенд специјал“, Сандра раскажа како го поминала последниот ден со нејзиниот татко.
-Јас пржев шницли, зејтинот крчка, се сеќавам како вчера, јадевме и ги слушавме Вида Павловиќ и Верица Шерифовиќ над четири часа, тој пиеше вотка, а јас вода. Ме праша дали ми треба нешто, јас реков не и два дена потоа неговиот менаџер ми кажа дека починал, се присетила таа.
Сандра е пејачка повеќе години, но најмногу беше дел од медиумите како учесник во „Задруга“.
По излегувањето од таму, сними прекрасна песна која стана голем хит.