четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Славниот српски актер живее со голема болка: Неговата мајка е убиена на грозоморен начин

Славниот српски актер живее со голема болка: Неговата мајка е убиена на грозоморен начин

Животот на познатиот српски актер Срѓан Тимаров го одбележа страшна трагедија, со која мораше да научи да живее.

Малкумина знаат дека Тимаров доживеа огромна трагедија, кога била убиена неговата мајка Клара Мандиќ, која била позната политичарка и стоматолог. Таа беше брутално застрелана во задниот дел од главата на 9-ти мај 2001-ва година, а убиецот потоа го запали станот за да ги прикрие доказите.

Како што пренесуваат медиумите, напаѓачот заѕвонил на нејзината врата, ја застрелал, а потоа го запалил станот за да ги скрие доказите.

Дополнителна монструозност е што се дозна дека убиецот овој чин го планирал долго време. Пред злосторството, тој со денови фрлал петарди пред нејзиниот стан за соседите да се навикнат на звукот од пукотници.

Полицијата и пожарникарите нашле страшна глетка кога пристигнале во станот. Клара лежела со лицето надолу, а на задниот дел од вратот имала рана од куршум. По само два дена го решиле делото и го уапсиле Никола Живковиќ, кој се претпоставува дека ја убил Клара поради пари бидејќи бил во долгови.

Срѓан пред неколку години во една телевизиска емисија зборуваше за својата покојна мајка, благодарение на која научил да биде храбар.

-Таа страдаше трагично. Ако зборуваме за некои од најголемите болки во мојот живот, тогаш тоа е што трагично ја изгубив мајка ми. Се носам со тоа на мој начин. Тоа е таа рана што се претвора во ѕвезда, па ти свети, па знаеш како да одиш. Но, самиот квантитет не е во тоа колку години поминавме заедно, туку колку од тоа остана во мене. Мислам дека тоа е поважно во родителството отколку да си таму секој ден и да готвиш супа, изјави актерот.

Најнови вести