Водителката на емисијата „Брак на невидено“, Милица Кон не припаѓа во редот на овие јавни личности кои со медиумите ги делат деталите од приватниот живот. Поради тоа нејзините последни објави ја шокираа јавноста.
Иако за тоа не говорела јавно, Милица во претходниот период се борела со рак на дојката кој е успешно опериран. По операцијата таа се огласи.
– Операцијата помина совршено, како и целиот престој во КБЦ Бежанијска коса, благодарам многу на целиот персонал. Ви благодарам за грижата и поддршката! Во моментов ми треба пауза – напиша водителката на Инстаграм и објави фотографија од болничкиот кревет.
– Навистина сум одлична, се чувствувам одлично благодарение на прекрасните лекари и медицински работници – рече Милица, видно исцрпена од операцијата, но сепак расположена.
Таа додаде дека левата дојка и е отстранета и дека дознала за оваа болест сосема случајно.