Сораја Вучелиќ доживеа семејна трагедија. Старлетата е скрешна од болка по веста за смртта на нејзиниот вујко со кој била многу блиска.
Таа изнајмила приватен авион за да може да дојде на погребот на братот на нејзината почината мајка.
-Сораја беше шокирана кога ја прими веста. Веднаш се јави на аеродромот за да праша кога е првиот лет и да се врати во Црна Гора. Бидејќи и рекоа дека тој ден нема лет, таа не можеше да чека и изнајми приватен авион од Миконос за да стигне на погребот. Многу е лошо, тој и беше единствениот близок роднина од страна на мајка и’, тврди извор близок до Сораја.