Андријана Томаниќ беше менаџер на покојниот пејач Џеј Рамадановски како и негова партнерка која никогаш не се одвојуваше од пејачот, го следеше работно, но и на приватните настани и дружби на пејачот.
Неодамна една година по неговата смрт организирала сеќавање во негова чест каде биле присутни најблиските пријатели и роднини на пејачот, меѓу кои и неговата ќерка Марија Рамадановска.
Една година по неговата смрт, Андријана го променила имиџот, но сепак и понатаму е русокоса.
За потсетување таа прва го пронајде пејачот мртов во неговиот стан откако се вратила од продавница, а во тоа време со него била и куќната помошничка Дара.
Таа колку можеше му го „подредуваше“ животот на пејачот, пишуваат српските медиуми.
-Сите ја знаеја Андријана, таа жена е чудо, тие последните 20 години живеа заедно, таа како што сакаше да каже беше неговата бела жена, раскажува извор близок до парот.