Слобода Миќаловиќ вчера го прослави својот 41-ви роденден, а да беше жив со неа ќе прославеше и актерот Маринко Маџгаљ. Тие си имале прекрасна традиција со години, но неговата смрт стави крај на тоа.
Маџгаљ, за жал, почина пред шест години, а една година по неговата смрт, актерката реши да ја прескокне прославата на својот роденден, бидејќи не можеше да се помири дека го нема нејзиниот пријател.
-Оваа година не сакав ни да славам роденден бидејќи, за жал, ова е прва година кога се крши традиција. Мојот многу добар пријател Маринко Маџгаљ, мојот Маки и јас сме родени на ист ден, а по петнаесет години, сега прв пат не сме размениле пораки и не бевме заедно. Немав потреба да го славам тој ден, размислував за него, изјави тогаш Слобода за медиумите.