Николина Пишек досега не сакаше јавно да зборува за лошите односи со Миша Гроф, таткото на нејзиниот покоен сопруг Видоје Ристовиќ.
Сега во интервју за српските медиуми открила нови детали од врската на нејзиниот покоен сопруг и неговиот татко, но нагласила и дека во нејзиното срце нема место за омраза.
-Не мразам. Не простувам и нема да простам, но можам да разберам од каде доаѓаат некои работи. Можам да разберам дека најтешко е да се соочиш со сопствените демони, бидејќи ако не си доволно силен за тоа, тогаш одиш во уништување и омраза. Сакам да се држам настрана од секаква токсична комуникација со свекор ми, како штп тоа го направи неговиот покоен син кој во станот влегуваше преку споредниот влез за да не го сретне татко му, открила хрватската водителка.
Додала и дека го смета Миша за ментално болен човек, кого многумина кои го познаваат го сметаат за достоен за презир.
-Мојот свекор постојано се обидува да ме вклучи во комуникацијата. Многу луѓе кои го познаваат го сметаат за достоен за презир, но навистина жалам што, за жал, е ментално болен човек, како и поради тоа што последните години од животот реши да ги помине во омраза, заврши Николина.