Елиминираниот кандидат на натпреварот „Ѕвезде Гранда“, Душан Вукадиновиќ, кој ја потврди приказната за неговата мајка Ната, дека Снежана Ѓуришиќ им барала пари за да помине во четвртиот круг на натпреварувањето, ѝ испраќал пораки на пејачката откако тој беше елиминиран од натпреварувањето.
Снежана Ѓуричиќ во емисијата „Пулс Србије“ на телевизија Курир ексклузивно потврди дека тоа навистина се случило, а потоа ја коментираше содржината на пораките заедно со Ѓорѓе Давид.
– Во еден момент тоа момче изјави дека е гениј за Марија, за Мили – изјави рокерот, на што се надоврза и Снежана.
-Ми испрати порака, а во содржината се е јасно видливо. Да се дрзнеш така да зборуваш за нив. Навистина ми е неверојатно. Со тоа е се речено – истакна пејачката.
Снежана потоа откри како се чувствувала кога дознала за целиот скандал во кој била вмешана.
– Кога дознав прво молчев, а потоа паднав во очај. Потоа се собрав и се ми стана јасно за што станува збор.
Водителот Иван Гајиќ ја праша пејачката која е таа трета страна за која често зборува, но пејачката не сакаше конкретно да одговори.
– Ужасно ми е непријатно, одлучив од сега да ставам точка на се. Кој е третата личност тоа нема да го спомнувам јас, туку правосудниот систем кој сериозно ќе се позанимава со ова – нагласи Снежана.