Контроверзниот ММА борец Конор Мек Грегор повторно е во центарот на вниманието.
Ирската ѕвезда цело лето ужива опуштајќи се на јахта. Тој патува од дестинација до дестинација и често го покажува луксузот што го поседува.
Сепак, Конор често објавува навистина бизарни снимки. Доста пати има објавено сцени како полудува пијан, а сега отишол чекор понатаму.
Тој на својот Инстаграм Стори објави експлицитно видео, а многумина веруваат дека снима додека непозната девојка му дава орално задоволство.
Не е познато дали се работи за неговата сопруга Ди Девлин, па сите се прашуваат дали навистина е таа или тој ја изневерува неа. Не го покажа лицето, но повторно успеа да предизвика бројни коментари на социјалните мрежи.
Conor being Conor pic.twitter.com/sDwdaAFYDE
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) August 27, 2022
Овој човек е навистина нереален и ова е само уште една во низата контроверзни снимки што ги објави во изминатите месеци.
Но, за разлика од претходните каде бил пијан и можеби под дејство на одредени наркотици, овој пат решил да оди чекор понатаму и да сними што не треба.
View this post on Instagram
Мек Грегор напорно тренира за враќање во ММА спортот. Сепак, датумот на реваншот се уште не е познат и тешко дека ќе се случи пред крајот на годината.
Ирецот последен пат се појави во октагонот во мај 2021 година. На реваншот против Дастин Поаре се здоби со тешка повреда на ногата и беше принуден да оди на уште една долга пауза
Во својата ММА кариера најголемата ѕвезда на овој спорт има скор 22-6.
View this post on Instagram