Зорица Брунцлиќ со децении, освен по вокалот, е позната и по розовата боја на коса, која пејачката нема намера да ја менува уште долги години, како што своевремено истакна во една своја прилика.
Меѓутоа, во помладите денови сакала да експериментира со косата, па во одреден момент била дури и русокоса.
Токму видеото на Зорица Брунцлик како русокоса, која датира од почетокот на нејзината кариера, стана вирална во последните неколку дена на социјалните мрежи.
Таа се бојадиса розова во 1993 година, но пред тој период имаше долга руса коса, а на социјалните мрежи се појави видео од 1992 година на кое се гледа дека изгледа сосема поинаку.
View this post on Instagram
Во тоа време беа во мода различни фризури, па и Зорица ги следеше трендовите и наместо права коса носеше кадрава и шишки.