вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СО ДЕНОВИ СИТЕ СЕ ПРАШУВААТ КАДЕ Е ЌЕРКАТА НА АНА НИКОЛИЌ: Пејачката секаде е сама, повеќе не можеше да го поднесе тоа – па се огласи Раста (ФОТО)

СО ДЕНОВИ СИТЕ СЕ ПРАШУВААТ КАДЕ Е ЌЕРКАТА НА АНА НИКОЛИЌ: Пејачката секаде е сама, повеќе не можеше да го поднесе тоа – па се огласи Раста (ФОТО)

Поп-пејачката Ана Николиќ се’ уште е во центарот на вниманието по приватното видео кое беше објавено (веројатно од страна на нејзиниот менаџер со кого е во конфликт), а на кое пејачката се гледа со лузни и рани на лицето.

По целата драма, Ана одлучи да се повлече во илегала, а многумина се прашуваа каде е нејзината ќерка Тара, (која ја роди во бракот со раперот Раста), па сега се огласи и контроверзниот рапер Стефан Ѓуриќ Раста на Инстаграм.

Тој откри дека неговата ќерка е кај него во станот.

Потсетуваме, во текот на вчерашниот ден се огласи и мајката на Ана Николиќ, која го коментираше скандалот врзан за нејзината ќерка.

Извинете, моментално сум на одмор. Не сум воопшто во државава, на море сум, уживам. Сега не би коментирала ништо – изјавила Миљана за српски „Блиц“.

Како што понатаму истакна, не е информирана ниту за приказните кои моментално ја „следат“ нејзината ќерка, ниту за скандалот во кој главен актер е Ана.

Најнови вести