Со сопругот Џо Манганиело, колумбиската убавица ужива на островот Ла Палма.
Дека одморот и тоа како и годи, покажала со фотографија на која позира во бикини со принт на леопард. Ниту уживањето во тамошните деликатеси не и наштетило на нејзината совршена линија…
Со објавувањето на последната фотографија на Инстаграм Колумбиската убавица уште еднаш потврдила дека со право го има епитетот на една од најсексипилните жени на светот.
45. годишната ѕвезда на серијата „Модерно семејство“ позирала во минијатурно бикини со принт на леопард и напишала:„Сонцето излезе“.