Пејачката има сестра по нејзиниот татко Владимир Јовановиќ, којa минатата година наполни 18 години.
На социјалните мрежи се појавија шпекулации за тоа како изгледаат таа и нејзината сестра и дека е очигледно дека се во роднинска врска. Теодора во една прилика изјавила дека сака да студира во Атина, исто како и нејзината постара сестра Николија. Теодора е десет години помлада од Николија, а тие две изгледа одлично се согласуваат.
Малкумина знаат дека таткото на Никола, Владимир, е доктор по економски науки, бидејќи речиси никогаш не се појавува во јавноста.
Николија еднаш спомна дека татко и не поднесува популарност и појавување во јавност.
– Татко ми е „алергичен“ на се што има врска со шоу-бизнисот, од периодот кога беше со мајка ми. Како доктор на науки не би ме советувал да пеам, изјави еднаш Николија за едно списание.