Во балканските медиуми одекна веста дека пејачката Романа Паниќ се мажи со човекот со кого ограбила банкомати во Австралија, а сега таа се огласи и ја откри вистината.
Имено, Романа е за „Ало“ истакна дека оваа информација воопшто не е точна, но не сакаше да открие повеќе детали за нејзиниот приватен живот.
-Таа информација не е точна. Медиумите веќе подолго време без никаква проверка објавуваат многу неточни информации за мене, па… Што да кажам, рече Паниќ.
Да потсетиме, Романа и нејзиниот избраник беа уапсени во Австралија во јуни 2020 година, откако полицијата откри дека поставиле уреди за снимање на три банкомати во Бризбејн во текот на март и април.
После тоа пејачката била депортирана во Белград, а по враќањето продолжила да живее со Филип.