четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Со стаклени чаши и две кујнски ножиња до совршена изведба на „Бор садила мома Евгенија“: Добива ли Македонија во Драги Полизовски наследник на Зоран Маџиров? (ВИДЕО)

Со стаклени чаши и две кујнски ножиња до совршена изведба на „Бор садила мома Евгенија“: Добива ли Македонија во Драги Полизовски наследник на Зоран Маџиров? (ВИДЕО)

Познатата македонска срстароградска песна „Бор садила мома Евгенија“, каоја најчесто ја паметиме во одличните изведби на Наум Бурназ, сега доби нова изведба од страна на еден друг млад македонски музички уметник.

Но, овој пат Драги Полизовски не вокално, туку на еден доста невоообичаен и специфичен начин ја донесе познатата песна со инструментална изведба на чаши.

Нешто слично на она што го работеше и по што го паметиме за жал, прерано починатиот македонски музички уметник Зоран Маџиров. Оттука и прашањето: Добива ли Македонија во Драги Полизовски наследник на Маџиров?

За разлика од другите музички инструменти кои се наменски направени за свирење,  чашите на кои музицира Полизовски  изгледаат мошне идентично.

Но, тоа не е проблем за врвниот инструменталист тој да ја отсвири песната автентично, совршено, без грешка и пред се’, мошне уникатно. При тоа Драги наместо палки или стапчиња, користи две мали кујнски ножиња.

Полизовски е познат музичар, мултиинструменталист кој покрај соло изведбите придружува и многу познати изведувачи на македонската сцена. Македонски музички виртуоз по потекло од Русиново – Берово, кој умее да свири на повеќе од 10 инструментим, меѓу кои и оние народните изворни како гајдата, зурлата, кавалот…

Тој досега има соработувано со повеќе познати музички ѕвезди од македонската естрадно-музичка сцена, но е и повеќегодишен  член на групата „Play Band“ со кои соработува и македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Филип Божиновски, кого публиката имаше прилика да го запознае во сезоната 2014/2015.

Како звучи легендарната македонска песна „Бор садила мома Евгенија“ во специјалната изведба на стаклени чаши, погледнете во видеото.

Најнови вести