Манекенката Софија Милошевиќ во седмиот месец од бременоста реши да отпатува во потоплите краишта, а друштво и прави синот Алексеј кој во септември наполни една година.
Манекенката покажа дека изгледа феноменално и покрај тоа што е во поодмината бременост.
Таа не откри која дестинација ја одбрале, но сосема е јасно дека температурата е во голем плус. Софија беше облечена во розово бикини, а во еден момент го покажа и своето малечко.
Неодамна Софија откри дека Лука и е голема поддршка, но единственото нешто околу кое не успеале да најдат заеднички јазик е јавно да го покажат нејзиниот син Алексеј. Додека сакала да го сокрие идентитетот на наследникот, Јовиќ не можел да одолее и веднаш преку својата социјална мрежа го претстави на јавноста.