недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Софија Вергара и Хајди Клум – жешка комбинација

Софија Вергара и Хајди Клум – жешка комбинација

Убавиците Софија Вергара и Хајди Клум привлекоа внимание со својот моден избор на снимањето на емисијата „America’s Got Talent“.

Жешката Колумбијка прво се појави во маслинесто-зелени панталони и јакна во истата боја, а целокупниот изглед го збогати со едноставна шминка.

За да биде вечерта уште поинтересна, славната актерка не се држеше до еден аутфит, туку оригиналните маслинови тонови ги замени со фустан во боја на циклама, а самата креација ги истакна нејзините облини.

Актерката на снимањето се дружеше со Хајди Клум со која сними симпатично видео како влегуваат во лифт. На видеото се гледа како славните дами се држат за раце и одат кон лифтот, а потоа со насмевка на лицето се свртуваат кон објективот.

Хајди исто така беше облечена во фустан со дреч светлозелена боја, а и двете носеа слични модни изданија.

Најнови вести