Нејзините тоалети на црвениот тепих се предмет на восхит, но и во секојдневните варијанти, актерката Софија Вергара ретко не разочарува.
Дека подеднакво ужива во елегантни и опуштени верзии докажа и вчера, кога се појави во комбинација која повеќето жени со голема радост ја носат и со која нема грешка.
Имено, актерката е фотографирана како влегува во деловен простор, а за оваа прилика облекла бела маичка која ги открива рамениците и има пуфкасти ракави, а одоздола облекла панталони во длабока кафена боја кои се хит.
Софија застана да им оддаде почит на папараците и да им позира, покажувајќи ги кафеавите потпетици кои како и обично во нејзин стил се вртоглаво високи. Таа носеше само прстен од накит, а од модни додатоци извади црни очила и голема кремаста чанта „Christian Dior“.
Најдоброто кај овој стајлинг е што можете да го носите на поелегантен начин како Софија, но и во опуштено издание со помала чанта и бели патики.