среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Солзи радосници: По веста дека е бремена, еве што им порача Цеца на Анастасија и Вељко

Солзи радосници: По веста дека е бремена, еве што им порача Цеца на Анастасија и Вељко

Анастасија Ражњатовиќ и Немања Гудељ ќе станат родители во средината на септември, а фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражњатовиќ меѓу првите ја дозна среќната вест.

Како што дознава Телеграф.рс, Цеца на почетокот на март ја посетила Анастасија во Севиља кога ја дознала радосната вест.

– Анастасија и Немања ѝ ја соопштија на Цеца радосната вест, а таа се расплака од среќа. Таа веднаш купила билет и отишла таму да ја посети и да сподели моменти на среќа со неа. Посебно се возбудила кога слушнала дека Таса ќе роди девојче, изјавил за Телеграф добро упатен извор.

Дека Цеца со нетрпение го очекува раѓањето на нејзината внука може да се насети во нејзината изјава за новинарите откако го доби вториот внук.

Се надевам дека ќе имам десет внуци. Би сакала и тие да имаат девојче, јас би банкротирала. На Анастасија и е жал што не може да биде со нас, чека документи, не може да ја напушти државата, изјави Цеца.

Да потсетиме, Цеца кон средината на април стана баба по втор пат откако нејзината снаа Богдана го роди синот Крстан. Малиот Крстан е роден на роденденот на неговиот дедо Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Најнови вести