Сопругата на Џејми Оливер проговори за својот живот и разликата помеѓу нејзината и работата на нејзиниот сопруг.
Џулс Оливер се грижи за нивните пет деца – Попи (16), Дејзи (15), Питал (9), Бади (7) и Ривер (2).
-Чувствувам дека мојот живот е 10 пати потежок од неговиот, а тоа често му го кажувам и нему. Тој само одмавнува со главата. Еден ден беше на прием кај премиерката, а јас имав ситуација со двете ќерки тинејџерки. Му реков дека мојот живот е потежок од неговиот. Мозокот ти отапува, тешко е. И никој, всушност, дома не те почитува, за разлика од неговата работа. Таму сите го почитуваат и ценат. Знам дека звучи како да ми е грозно, но искрено – навистина е тешко”, рекла Џулс, која со „Голиот готвач” е во брак 18 години.
Вели дека е тешко да се распореди времето на петте деца, бидејќи на сите им е подеднакво потребно, а таа не може да постигне на секој да му посвети целосно внимание.
-Тешко е затоа што во текот на неделата многу ретко тој е дома. Од една страна имам две тинејџерки кои имаат проблеми со момчињата и училиштето, а од друга страна внимавам на двегодишниот Ривер, бидејќи се плашам да не падне во градината. Не можам да се поделам на милион делови, рекла Џулс.
Таа вели дека не планирале да имаат толку деца, но и дека не е исклучена можноста да имаат уште едно.
– Во ноември ќе наполнам 44 години, па добро би било да се случи претходно. После 44-тата ќе бидам престара, рекла Џулс.