понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сопругата на Новак Ѓоковиќ не заостанува зад него кога е физичката активност во прашање: Погледнете ги овие акробации (ВИДЕО)

Сопругата на Новак Ѓоковиќ не заостанува зад него кога е физичката активност во прашање: Погледнете ги овие акробации (ВИДЕО)

Сопругата на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена посветено се грижи за своето тело.

Видеото кое го објави таа воодушеви многумина, а се чини дека Јелена го прави секој чекор со леснотија, па цело време се смешка.

Инаку, Јелена неодамна откри како станала веганка.

-Почнав да размислувам како да преживеам три години студии, бидејќи немав пари да јадам во не знам какви ресторани, а не живеев ни во дом со кујна. Така, веганството започна од мака, рече тогаш таа.

Исто така, Јелена откри дека една од причините поради која станала веган е стравот од болест.

– Мислам дека луѓето се обврзуваат на поздрав начин на живот кога ќе им биде дијагностицирано нешто. Почнав и со веганство од страв од болест. И тоа е најлошиот начин за почеток и не би советувала никого да прави ништо од страв. Се трудам да не го правам тоа од страв, изјавила во таа прилика.

 

Најнови вести