среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сопругата на Слоба Радановиќ нападната од поранешниот сопруг, еве низ каков пекол поминала три месеци по породувањето

Сопругата на Слоба Радановиќ нападната од поранешниот сопруг, еве низ каков пекол поминала три месеци по породувањето

Јелена Радановиќ, сопруга на пејачот Слоба Радановиќ, била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг пред куќата во Вишњичка бања.

Како што пишуваат медиумите, Јелена била нападната од нејзиниот поранешен сопруг со кој има две деца додека била надвор од куќата со својата бремена сестра.

Поранешниот сопруг на Јелена дошол кај неа за да ги земе децата и од засега непознати причини физички ја нападнал.

Случајот веднаш го пријавила во полиција, а со нејзината сестра и татко моментално се наоѓа во Ургентен центар каде и даваат прва помош и ги констатираат повредите со кои се здобила.

Да потсетиме, Јелена се породи пред само три месеци и на свет го донесе синот Дамјан.

Најнови вести