Фолк пејачот Харис Џиновиќ не сака да ризикува на опасноста од корона вирус, и два месеца одбива секаков повик да настапува.
Тој е со семејството, а неговата сопруга Мелина открива што се случува и зошто Џиновиќ престанал да пее.
-Искрено да ви кажам, кај нас ништо не се случува. Харис не работи, нема повеќе да пее. Страшно е уплашен поради корона, и да не се зарази, не излегува од дома, не мрда никаде. Сега сме фокусирани во изградбата на новата куќа. Тука има илјада детали и ситници, сега имаме доволно врме се да средиме по наша желба, рече Мелина и се осврнала на својата работа врзана за линија на ексклузивни фустани:
-Моите фустани се продаваат секаде во светот во 64 бутици, но сега е хаос секаде. Нема свечености, раскошни веселби, гала вечери… Се застана. Не кукам, знам дека модата ќе се врати во живот, но којзнае кога. Требаше да се одржи Недела на мода онлајн, но тоа не успеа, не е тоа тоа.