Сопственикот на клубот „ВИП“ во Минхен присуствуваше на погребот на кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, со ел да го позрави за последен пат гдолгогодишниот соработник и да го испрати пријателот во неговиот вечен дом.
Иван раскажал дека пејачот ги срушил сите рекорди и дека 30 години по ред го полнел клубот, како и тоа дека неговото заминување остава голема болка кај оние што го сакаа како човек и уметник.
-На 4 мај требаше да прославиме 30 години успешна соработка, за жал, кралот не напушти, а ние на тој ден во знак на негово сеќавање ќе организираме голем настан, каде што ќе пуштаме само негови песни и снимки кои што ги одбележаа овие 30 години соработка, вели сопственикот на клубот и додава:
-најмногу жалам што замина на ваков начин, затоа што тоа не го заслужува. Тој беше голем човк, голем пријател, како и голем уметник… Се сеќавам на неговите зборови кога и да дојдеше „Ивек само да одработам, а утре дома со трската и на пецање, тоа му беше животот, рекол Иван.