среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сораја доби подарок вреден 270.000 евра: „Удобен е за бебето и мене“

Сораја доби подарок вреден 270.000 евра: „Удобен е за бебето и мене“

Сораја Вучелиќ неодамна се породи и доби син, а на денешниот празник посветен на жените доби луксузен автомобил Мајбах вреден 270.000 евра.

Сораја потврдила дека скапото возило го добила од партнерот точно на полноќ на Денот на жената.

-Сара е постојано со бебето, па нејзиниот партнер и таа синоќа не излегле никаде, туку тој ја повикал да се симне во дворот. Кога излегла надвор, била во целосен шок бидејќи пред нивниот дом видела огромен луксузен мерцедес бенц Мајбац С класа. Беше многу возбудена, дури и плачеше поради ваквото внимание од нејзиниот емотивен партнер, рекол изворот, додека Сораја само потврдила дека возилото го добила и дека е токму тоа што и треба бидејќи е семеен автомобил.

-Бев трогната затоа што тоа беше, пред се, прекрасен гест. Автомобилот е удобен за бебето и за мене, а тоа е она што е важно, кратко изјавил Вучелиќ.

Инаку, Сораја пред неколку години од својот емотивен партнер добила скап блиндиран мерцедес, кој според тогашните пишувања чинел 360.000 евра.

Сораја неодамна се породи во приватна клиника во Цирих, Швајцарија, каде ја водеше бременоста и на свет донесе здраво момче на кое го нарече Кан.

Најнови вести