Српската старлета Сораја Вучелиќ се до вчера наводно била во врска со богат Русин, а вчера со нејзините следбеници покажа како ја раскинала свршувачката.
Старлетата долго криеше дека е свршена, а нејзината другарка Ана Кораќ неодамна објави фотографија од момчето на Сораја со што потврди дека таа има свршеник, по што јавноста долго време коментираше дека тој е оженет.
Ситуацијата дека тргнала наопаку покажува последното видео на нејзиниот Инстаграм профил каде таа со клешти го сече нејзиниот свршенички прстен на два дела и потоа објавува дека е слободна девојка.
Инаку неодамна српските медиуми напишаа дека овој прстен бил во вредност од 150 илјади евра, а и го подарил Владимир, нејзиниот богат свршеник.