Иако Адел (31) се појави на последниот концерт од повратничката турнеја на поп-бендот „Спајс грлс“, членовите на групата не ја поканиле на сцената, пренесува „Дејли мејл“.
Една од „Спајсиците“, Мел Ц (45), откри дека одбиле да пеат со Адел. Таа тврди дека не сакале Адел да им се придружи на сцената, бидејќи се плашеле дека ќе ги засени со своите гласовни способности.
-Слушнав дека со нас сакала да ја отпее „2 become 1“. Одбивме затоа што кој би сакал да пее со Адел?, рече Мел.
„Не е тајна колку ги сакам и колку ме инспирираа да трчам по животот и никогаш да не гледам наназад“, рече Адел, која им се придружи зад сцената ова лето по распродадениот концерт во лондонски Вембли.
Пејачката е голем љубител на бендот, а по нивниот настап таа откри на „Инстаграм“ дека со нив отишла на забава.