среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

СПОМЕНОТ НА ШАБАН ЌЕ ВИДЕ ВЕЧЕН: Неговиот роден град на ПОСЕБЕН ден ќе ја открие бистата за кралот на фолкот

СПОМЕНОТ НА ШАБАН ЌЕ ВИДЕ ВЕЧЕН: Неговиот роден град на ПОСЕБЕН ден ќе ја открие бистата за кралот на фолкот

Во Шабац, родниот град на легендарниот пејач Шабан Шаулиќ, во вторник на 6 септември во 11 часот ќе биде поставена биста и свечено откриена.

Имено, денот и датумот на поставувањето на бистата и нејзиното откривање се симболично поврзани бидејќи е роденден на Шаулиќ, а бистата ќе се најде во строгиот центар кај Стоковната куќа.

Toa го потврди и Хасан Дудиќ.

-Ова е најмалку што Шабац може да направи за таков уметник и пејач каков што беше Шабан Шаулиќ и им благодарам за тоа затоа што Шабан навистина го заслужи тоа, изјави Дудиќ за „Express.ba“ во име на целото семејство.

Да потсетиме, Шабан Шаулиќ загина како последица на сообраќајна несреќа што му се случи во Германија, на враќање од настап во февруари 2019 година. Во несреќата животот го загуби и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ.

Најнови вести