среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Србинка е една од најбогатите жени во светот! Нејзиниот сопруг е милијардер од Палестина: Го носи епитетот „Арапска принцеза“ и ужива во вила во Египет

Србинка е една од најбогатите жени во светот! Нејзиниот сопруг е милијардер од Палестина: Го носи епитетот „Арапска принцеза“ и ужива во вила во Египет

Поранешната манекенка од Сремска Митровица, Аника Божиќ има живот како од бајките. Откако се омажила за палестинскиот милијардер, Јусуф Ал Сараи, таа ужива во „свила и кадифе“.

Луксузот е насекаде околу неа, поседувала куќи во различни делови на светот, ја нарекуваат „Арапска принцеза“ и таа е една од најбогатите жени во светот. Таа има син на кој максимално му е посветена. Семејството го држи подалеку од медиумите, а на социјалните мрежи споделувала само по некоја слика од својот единец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anika Bozic Al-Sarraj (@anika_bozic)

Љубовта со сегашниот сопруг се родила од нивното пријателство. Во локалните медиуми го нарекувале принц, но таа негирала дека нејзиниот избраник ја носи таа титула.

„Се запознавме преку заеднички пријател. Доколку некој е со палестинско потекло, тој не може да биде шеик или принц. Претпоставувам дека од првиот момент, зборот принц бил употребен како метафора“, изјавила своевремено Аника.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anika Bozic Al-Sarraj (@anika_bozic)

Оваа поранешна манекенка многу патува и тоа го споделува на својот „Инстаграм“ профил. Сè уште може да се пофали со совршена линија, а од облеката која ја носи и дестинациите што ги посетува, многумина останале без здив.

Поседувала вила на плажа во Египет и стан во строгиот центар на Париз, па најчесто престојувала во главниот град на Франција. Луксузниот имот располагал со салон, кујна, трпезарија, спални соби со бањи, помошни простории, тераса, градина, бар на отворено и простории за вработените.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anika Bozic Al-Sarraj (@anika_bozic)

Вилата во Египет, пак, имала салон за прием, но и неколку спални соби со бањи, библиотека и базен.

Најнови вести