Оваа пролет веста за смртта на фудбалерот на Фиорентина Давиде Астори го заобиколи светот само за неколку секунди.
Капитенот на клубот Астори замина во сон од срцев удар, а зад себе ги остави сопругата Франческа Фиорети и ќерката.
По смртта манекенката која е со потекло од Неапол реши во чест на фановите и клубот да остане во Фиренца заедно со нејзината ќерка.
Таа по смртта на фудбалерот изјави дека градот и жителите и ја дават целосната поддршка и мотив да останат во Фиренца каде што заедно живееја со сопругот Астори кој почина ненадејно на 4 март годинава.
Инаку овие денови италијанските медиуми се навратија на тажната судбина на неговото семејство, особено на неговата сопруга која веќе не користи социјални мрежи и е далеку од очите на јавноста.
Медиумите се загрижени и поради фактот што Франческа од февруари годинава нема споделено фотографија на Инстаграм, а последната објава е од нивната ќерка.