вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Среде корона блесна во бело- се омажи македонската водителка со која се будат гледачите секое утро (ФОТО)

Среде корона блесна во бело- се омажи македонската водителка со која се будат гледачите секое утро (ФОТО)

И покрај тоа што коронавирусот и пандемијата ни го свртеа животот наопаку, комплетно не изместија од колосек, ни го донесоа таканареченото „ново нормално“, што всушност колку до вчера беше „ненормално“, сепак животот и понатаму продолжува да тече. Во „новото нормално“, некои стари работи сепак за среќа не исчезнаа и веројатно никогаш и нема.

Љубовта, заедништвото, семејството и семејните вредности… сега ни се потребни повеќе од било кога, па затоа и покрај Ковид 19 експанзијата, сите препораки, мерки, протоколи, забрани… на луѓето  никој не може да им го одземе елементарното право… на заеднички живот!

Неа ја знаеме долги години како телевизиско лице, новинар и ТВ водител во националниот сервис – МТВ. Згодна, убава, привлечна, атрактивна, сексапилна… вистинска дама.

Заедно со колешката Кристина Талеска Големтеова, со години се и ударна двојка и заштитни лица, своевиден трејд марк на утринската програма на Македонската телевизија – „Македонија наутро“.

Дијана Гогова, убавицата која им ги разведрува утрата на гледачите на националниот сервис конечно стапна на лудиот камен, објавува Вистина.мк.

Во рамките на пропишаните мерки, препораки и протоколи, тивко и ненаметливо каква што е и самата таа, без никаква медиумска помпа, во најтесниот круг на најблиските Дијана, која долго беше една од најпосакуваните девојки од ТВ етерот,  го кажа судбоносното – ДА!

Во бел едноставен, но елегантен невестински фустан, со букет врака и под рака со својот избраник Александар, го обавија чинот на венчавката во еден од македонските православни храмови во Скопје.

Запловувањето во новите животни води, оние- брачните, младите заедно со најтесниот круг на блиски и пријатели го одбележале во еден познат скопски ресторан… Без свадби од 300 луѓе, без трубачи и плех музика, беспотребни чалами…

Тивко и скромно, но со многу љубов. Онака како што налагаат моменталните прилики, но и како што им доликува на едни цивилизирани интелектуалци.

Дури ниту на социјалните мрежи невестата не се пофали премногу со чинот на влегување во новиот, заеднички живот…

 

Освен две-три фотографии и датумот на нивниот брачен „ден – Д“ – 22-ри октомври 2020 година и еден емотикон во вид на срце. Големо и заедничко, кое отсега ќе чука само за нивното нив двајца како брачна двојка, како маж и жена, како семејство… И секако, за нивното идно потомство!

Нека е благословена новата брачна заедница… Среќни и вечни!

Најнови вести