Тамара Тодевска ужива во петиот месец од бременоста, а во декември ќе се оствари во улога на мајка на своето второ дете, односно син.
Неодамна во медиумите, во едно интервју Тодевска откри дека нејзиниот син ќе се вика Дарен.
Пејачаката беше активна трудница така што до неодамна настапуваше во регионот, но и ја сними својата песна „Довидување таго“.
Меѓутоа, Тамара се повлече од музичката сцена и деновиве ужива во својата бременост. Иако на музичката сцена нема да биде активна одреден период сепак е активна на социјалните мрежи.
Така, на својот „Инстаграм“ често знае да објави фотографии од нејзините секојдневни активности или од нејзината ќерка Хана.
Тамара сега на „Инстаграм“ сподели фотографија на која покажа како ќе изгледа креветчото на нејзиниот наследник. Преовладуваат црно – жолта комбинација, а според пишувањата на пејачката ова комплетче е идеално за бебето Дарен.