Полицијата во Босна и Херцеговина уапсила 16 лица во акција во околината на Бијелина, Република Српска меѓу кои и српска старлета и запленила најмалку десет пиштоли и кокаин, објавено е во четвртокот.
Полицискиот оддел во Бијелина потврдила дека нејзините членови извршиле рација во куќа во близина на градот во североисточна Босна. Операцијата била спроведена во соработка со српската и словенечката полиција, а 15 мажи и една жена биле уапсени. Потврдено е дека станува збор за Тијана Максимовиќ (28) од Рума во Србија, која е позната во јавноста како „Тијана ајфон“.
View this post on Instagram
Полицијата ги сомничи за кривични дела недозволено производство и трговија со наркотици, недозволено производство и трговија со оружје и проституција.
При претресот, полицијата пронашла десет пиштоли, 14 пакувања кокаин, девет таблети медицински лекови, три блиндирани елеци и околу десет илјади евра во различни валути.
Медиумите во БиХ наведуваат дека Максимовиќ е под истрага за поттикнување на проституција и дека заедно со неа биле приведени уште три девојки од Србија.
Инаку, Тијана стана во фокусот на српската јавност по бројните настапи во познатите ријалити шоуа, а едно време била вработена во Српската пошта. Сепак, таа тврдела дека никогаш не работела таму и дека нема ниту отворена банкарска сметка.