четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Српската блогерка ограбена: Еве што украле крадците, штетата е 300.000 евра

Српската блогерка ограбена: Еве што украле крадците, штетата е 300.000 евра

Српската блогерка Тамара Калиниќ доживеа голема непријатност кога сфати дека е ограбен нејзиниот стан во Париз и дека крадците одзеле работи во вредност од над 300.000 евра.

Имено, крадците преку прозорецот провалиле во станот, кој се наоѓа во близина на Елисејската палата и одзеле се што имале при рака. Според францускиот „C News“, Тамара ја алармирала полицијата веднаш штом пристигнала во домот околу полноќ, а вредноста на украдените предмети е околу 300.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)

Тие одзеле луксузни часовници, 20 брендирани торби, куфери и многу повеќе. Истрагата е во тек, а Тамара брзо се огласи и ја потврди веста.

-Бидејќи повеќето од вас ги прочитаа вестите, можам да потврдам дека тие за жал се точни. Не можам со зборови да опишам како се чувствувам сега, но најважно е дека сум добро и дека имам голема поддршка и љубов од семејството и пријателите. Поразително е што сето тоа за кое работев напорно во последните десет години – веќе го нема. Јас обично не зборувам за лоши работи што ми се случуваат, но никогаш порано не сум била жртва на толку големо злосторство, напиша таа.

 

 

 

Најнови вести