Српската фолк пејачка која во минатото беше активна на музичката сцена и имаше големи хитови додека ги живееше деновите на слава, зад камерите преживуваше вистински пекол.
Имено денес таа редовно се слуша и гледа со својот син, но тоа не било од секогаш така. Пејачката поради проблемот со поранешниот сопруг синот не смееше да го гледа десет години, а на тој период таа се потсетува со болка во душата.
-Само јас знам колку ми беше тешко во тој период од животот. Многу патев. Кога требаше да го видам моето дете, поранешниот сопруг и неговото семејство не ми го дозволуваа тоа. Никогаш не се одреков од него. Која мајка би се одрекла од своето дете? Не можам да ви набројам колку пати одев до неговата куќа и го чекав само за да го видам. Не знам дали се сеќава на тоа, бидејќи беше многу мал, имаше четири години. Ми пријдов и му реков дека јас сум неговата мајка и му дадов пари. Беше збунет и целото време гледаше кон капијата од својот дом. Две години по разводот отидов да работам во Германија и редовно му праќав алиментација, така беше се до 2005-та година кога конечно се сретнавме, вели пејачката за српските медиуми.
Таа додава дека има убав и коректен однос со својот син и дека редовно се гледаат.
Тина инаку ретко објавува фотографии со синот, но сепак во една прилика таа тоа го направи, па привлече големо внимание на социјалните мрежи. Многумина и порачаа и дека наследникот многу личи на неа.