среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Српската пејачка поседува вистински дворец со свое езеро, но ваков автомобил се уште не сте виделе – овој „бесен ѕвер“ чини вртоглави 300.000 евра (ФОТО)

Српската пејачка поседува вистински дворец со свое езеро, но ваков автомобил се уште не сте виделе – овој „бесен ѕвер“ чини вртоглави 300.000 евра (ФОТО)

Српската пејачка Јана Тодоровиќ е една од најбогатите пејачки на естрадата според бројот на недвижности кои ги поседува таа со својот сопруг, а очигледно таа и својот сопруг се вљубеници и во бесните машини.

Иако во јавноста таа никогаш не се фали и секогаш е скромна, во приватниот живот очигледно ужива како никоја друга пејачка.

Пред неколку дена таа во Белград се појавила со својот бел џип од марката „Mercedes brabus G класа“, за кој пејачката со фул опрема искеширала вртоглави 300.000 евра, што ја вбројува на листата на пејачки што поседуваат најскапи автомобили.

-Јана и сопругот уживаат во бесни и скапи автомобили, но не сакаат да бидат впечатливи и затоа ретко го возат овој „ѕвер“ кој го платиле толку пари, вели извор за српските медиуми.

Инаку пејачката во Германија каде што живее долги години поседува вистински дворец и сопствено езеро, а во минатото ретко сакала да зборува за тоа во медиумите, велејќи дека најголемото богатство и е сопругот и ќерката, а не материјалното благо.

Foto: Mileta Mirčetić

Најнови вести