петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Српската пејачка Вики започна нов бизнис кој и донесе многу пари, но и ги издаде колегите: Тие не ми бараат попуст, плаќаат само во ќеш

Српската пејачка Вики започна нов бизнис кој и донесе многу пари, но и ги издаде колегите: Тие не ми бараат попуст, плаќаат само во ќеш

Пејачката Вики Миљковиќ започна нов бизнис за кој зборува речиси целата српска естрада.

Таа заедно својот бизнис го води со својот сопруг Ташко, а станува збор со продажба на луксузни недвижности.

-Со сопругот започнавме нов бизнис. Продаваме луксузни недвижности на елитни делови во Белград и останатите луксузни згради во Србија, но и во светот. Имаме наши брокери во Чикаго, Мајами, Дибаи, Истанбул, на Карибите и на Флорида, вели пејачката.

Таа додава дека многу колеги од естрадата не штедат пари за нови куќи или станови и се обраќаат кај неа.

-Неколку пејачи купија недвижности преку мене, но не смеам да откријам кој се, истите купија станови во елитниот дел на Белград на вода, вели таа.

Пејачката искрено открива и дека колегите не и барале попуст, ниту да плаќаат на рати за услугите кои ги нуди.

Најнови вести