Познатата пејачка Јана Тодоровиќ вчера го прослави својот 47 роденден, а за медиумите откри што и купил свекорот кој е вистински милионер.
-Ми подари чанта, не можам да кажам дека не сум среќна поради тоа, вели пресреќната пејачка.
Таа додава дека подарокот многу ја воодушевил.
Инаку станува збор за познатата чанта за која постои листа на чекање и чија цена зависи од моделот, а може да достигне и вртоглава сума на пари.
Така неодамна раперката Карди Би за истиот овој модел дала дури 240 илјади долари.
Јана оваа скапоцена чанта ја носеше за време на снимањето на „Амиџи шоу“, а истата е во вредност од околу 80 илјади долари.
ФОТО:ТЕЛЕГРАФ.РС