Музичарот Иван Драгичевиќ (39) од Алексинац на 9-ти септември бил пронајден мртов во шума во Италија, а една недела претходно бил пријавен за исчезнат, јавуваат медиумите.
Важеше за музичка икона на Виченца и цела Европа ја сакаше неговата музика, пишуваат медиумите.
Иван Драгичевиќ е и долгогодишен член на музичкиот ансамбл на Здружението „Видовдан“.
Првиот настап го имаше со својот италијанско-српски бенд „Ethereal Lus“ минатата година.
Во преполната сала во Алтавила, на неколку километри од Виченца, тој ги воодушеви присутните, меѓу кои и Карло Дала Поца, градоначалникот на Виченца, кој јавно го пофали дека е единствениот кој свирел без ноти.