недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Српскиот актер откри како се откажал од порокот: Многу пиев, тоа не треба да се крие

Српскиот актер откри како се откажал од порокот: Многу пиев, тоа не треба да се крие

Актерот Ненад Окановиќ уште како млад се здоби со огромна популарност, а со популарноста доаѓаат и парите, но и разните пороци.

Ненад не крие дека бил на работ на алкохолизам, а семејството и околината му помогнале да излезе од него.

-Кога ќе дојде популарноста, сите почнуваат да те влечат, оди овде, оди таму. Сакаат да ве видат во секое друштво, на секоја прослава. Сите сакаат да бидете таму и секако таму се пие. Затоа е важно да имате столб од семејството и пријателите, за кога ќе летате да ви кажат: „Слези малку пријателе!“ Не летав високо, но сигурно е дека околината ми помогна да знам каде е земјата на која треба да застанам, рече Ненад и додаде:

„Пиев многу, навистина пиев. Тоа не е нешто за криење. Проблемот со претерувањето е кога веќе не знаете што правите. Фала му на Бога, сега се си дојде на свое место и сега уживам во животот“.

 

Најнови вести