Српскиот пејач Слободан Васиќ кој на 1. мај ја претепал својата вереница, а полицијата му ставила лисици на рацете и го одвела во притвор, пуштен е да се брани од слобода.
Пејачот кој и претходно имал проблеми со насилно однесување кон своите партнерки, штом излегол од притвор, објавил фотографија на својот Инстаграм профил, на која не изгледа загрижено што има проблеми со законот и што веќе му е одредена мерка забрана за приближување, туку насмеан седнал зад воланот, а никому на друштвените мрежи не му е јасно што му е смешно на пејачот.
Васиќ објаснил што може да се извлече позитивно од целата ситуација. „Она кога мислите дека се` се распаѓа, можеби токму тогаш се` се мести на свое место“, стои во објавата на Инстаграм.
Инаку, инцидентот во кој пејачот ја удрил својата девојка се случил во еден локал во Нови Сад каде Васиќ и неговата девојка биле со пријателите на прослава на 1. мај.