недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Српските медиуми во делириум по сопругата на поранешниот фудбалер на Партизан – на стадионот во Палермо беше најубава Македонка (ФОТО)

Српските медиуми во делириум по сопругата на поранешниот фудбалер на Партизан – на стадионот во Палермо беше најубава Македонка (ФОТО)

И додека се уште денеска се собираат впечатоците од вчерашната победа на македонските фудбалери над Италија, ниту самите фудбалери не може да се соземат од тоа што го направија.

Херој на мечот иако е Александар Трајковски, ништо помалку не се и останатите фудбалери, а еден од нив е и Стефан Ашковски за кого денеска пишуваат и српските медиуми.

Имено некогашниот фудбалер на Партизан е во брак со Елена која вчера беше во центарот на вниманието на стадионот во Палермо.

Убавата русокоса ги привлекуваше погледите на навивачите поради тоа што беше прекриена во боите на нашето знаме, а на лицето имаше нацртано и црвено срце за поддршка на сите, но најмногу на нејзиниот сопруг Стефан.

Елена на својот Инстаграм профил сподели и неколку фотографии и видеа од целата атмосфера таму:

Инаку таа еден ден претходно објави и фотографии од убавиот град Палермо во комбинација на која многу жени и подзавидуваат.

Најнови вести