Старлетата Станија Добројевиќ неодамна се врати од Америка, поточно од Лас Вегас каде ужива во луксузот, а сега на Инстаграм се пофали со скапоцен часовник од марката „Ролекс“, кој го добила како подарок.
Имено, Станија по враќањето од Америка ја дочекал проблем, односно ја исфрлиле од куќата во која живеела подолго од деценија.
Таа брзо се снашла и се преселила во луксузна вила во една од најбогатите држави, а последните неколку недели таа престојува во Лас Вегас.
Станија сега се пофали со скапоцен часовник кој го добила од непознат милионер, кој изгледа на сите начини се обидел да ја освои.
Старлетата го покажала „Ролексот“ кој го добила, а цената за тој часовник е 15.000 евра и украсен е со дијаманти.
„Моето ново бебе“ – напишала старлетата.