Додека францускиот претседател Емануел Макрон има работен ручек со светските лидери, неговата сопруга Брижит Макрон ги угостува 40-те сопруги на шефовите на државите и владите ширум светот.
Таа исто така е на ручек со првите дами, а на според француските медиуми менито било исто како и за мажите.
Покрај тоа таа ја угости и првата дама на САД Меланија Трамп, принцезата на Монако, сопругата на израелскиот премиер, како и многу други.
Но, на овој ручек беше и првата дама на Македонија Маја Иванова.
Заедно со првата дама на Франција сите жени позираа пред палатата, по што се одржа церемонија и пред триумфалната капија.
Според фотографиите сопругите на лидерите одлично си поминуваат и уживаат во гостопримството на Брижит, погледнете: