Шабан Шаулиќ има многубројни хитови зад себе, а песната „Увенуче нарцис бели“ е песна во која можеби се пронашле многу скршени срца.
Ова е приказната како настанала песната, а снимена е по тажната случка на еден келнер.
Бранислав Цветиновиќ Лаки кој во тоа време работел во еден ресторан во Белград, веќе имал неколку напишани текстови, но песните не ги пишувал по нарачка, туку кога бил инспириран од случувања од личниот живот.
„Одам од Славије до Зелениот венец да се видам со една девојка. На Славија, баби продаваат цвеќе. Мене ми се допадна бел нарцис. Купив букет и заминав во продавница каде што работеше таа, а таа ја нема. Беше два часот, а таа работи до три. Јас задоцнив, таа беше замината“ вели Лаки.
Пријател на Лаки работел во иста продавница, па го поканил да влезе.
„Жика ми рече да влезам. Имаше една маса каде вработените пиеја кафе. Во тоа време беше популарно да се пие „вињак“. Ме праша Жика што ќе пијам, одговорив „вињак“. Седнав на масата, а на масата нејзина фотографија. Му реков на Жика: „Жико, јас сум задоволен и со фотографијата. Дај ми само некоја вазна да го ставам цвеќето“. Го ставив цвеќето, а тој ме праша дали сакам кафе, јас реков не. Веќе беше 14:45, продавницата се затвора, беше време да тргнеме. Излегуваме од дуќанот, а Жика во еден момент кажа: Бане, стани, доаѓа, земи го цвеќето, ќе се исуши. Јас му одговорив: „Нека се исуши, тоа е за неа. Кога ќе дојде во понеделник, ако е исушено, така морало да биде. Кога тогаш нарцисот ќе се исуши“, изјавил Лаки и тргнал да си оди.
Не се брзав, беше три часот, а јас на работа бев од пет. Одев така и веќе ја напишав првата строфа.
„Сакав сношти да те видам, не можев својот копнеж да го сокријам, мислев дека ќе бидеш сама, сакав цвеќе да ти подарам“.
Пристигнав на Београѓанска, земав лист и молив, излегов на терасата и ја довршив песната.
Не поминаа ни пет минути, а на вратата се појави портир и ми кажа дека ме бараат двајца луѓе.
На вратата беа Шабан Шаулиќ и виолинистот Верољуб Јовановиќ.
„Се прашував, откаде тие тука. Им понудив пијалок, па почнавме да разговараме. Кога ги испратив, Шабан ме праша дали имам некој текст за него. „Имам турнеја по Австрија, па по пат за да не ми биде досадно, да направам музика за некој твој текст“ ми кажа Шабан. А јас му одговорив: „Еве, една сега ја напишав“. Се сеќавам на зелиниот молив, беше напишана на лист кој го извадив од џебот пред нив. Шабан веднаш почна да ја чита. Кога пристигна пред лифтот, тој не влезе во него, туку ја читаше песната: „Ми се допаѓа. Кога ќе се вратам, ќе имаме песна.Така и беше“ вели келнерот.
Мелодијата ја напишал Шабан, а песната се нашла на плоча која е издадена во март 1876 година.
Премиерно е отпена еден месец порано на популарниот фестивал „Хит парада“.
Oваа песна на Шабан стана апсолутен хит и евергрин.