Ретко кој досега не го слушнал како свири Стјепан Хаусер и не уживал од звуците на неговото виолончело, особено припадничките на понежниот пол.
Атрактивниот и талентиран музичар преку Инсатграм им се обрати на следбениците преку видео снимка со која сакаше да ги предупреди своите обожаватели.
Имено, тој откри дека се соочува со крадење на идентитетот на социјалните мрежи и апелира до луѓето да не наседнуваат долку некој им се претстави како него.
„Драги обожаватели ширум светот, сакам да ве предупредам на голем проблм со кој се соочуваме веќе некое време. Се обидовме да го запреме, но за жал, без голем успех. Секој ден се појавуваат стотина нови Хаусер профили на социјалните мрежи Јутјуб, Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Се преправаат дека сум јас, ви даваат лажни информации, ве контактираат. Многу е фрустрирачки. Сакам само уште еднаш да ви кажам дека само еден е Хаусер, не верувајте им на измамници и на лажни профили. Нема никого од вас да контактирам директно, за сите информации кои сакате да ги знаете, само проверете ги моите официјални страници“, кажа Хаусер во своето обраќање.