Актерката Лидија Вукичевиќ има 60 години, но нејзиниот физички изглед и дух го покажуваат сосема спротивното. Нејзиниот изглед често е интригантен, но и мета на сомнеж бидејќи никој не може да поверува дека времето за актерката во толкава мера застанало.
Кадравата коса и витката линија се нејзин белег од раната младост, а тоа не е променето ниту до ден денес. Таа на својот Инстаграм профил често споделува моменти од приватниот живот, каде што нејзините следбеници можат да ја видат во различни изданија.
Нејзините фотографии никого не оставаат рамнодушен, а тоа што го покажа сега ги шокираше апсолутно сите.
Дека актерката е во одлична топ форма веќе подолго време е јасно, но стоењето на раце и како што вели, нејзиното истегнување пред настапот е нешто кое не го можат ниту двојно помладите од неа.