Барбара Стрејсенд ја разбесни јавноста со изјавата за Вејд Робсон и Џејмс Сејфчек кои во документарниот филм “Leaving Neverland” го обвинија Мајкл Џексон за сексуално злоставување.
76-годишната пејачка и актерка во интервју за “The Times of London” изјавила дека тие двајца “биле воодушевени што се таму” и дека, што и да им се случило, “не ги убило”.
“Може да се каже дека се “злоставувани”, но тие деца, како што слушнавте, биле воодушевени што се таму. И двајцата се оженети и имаат деца така што тоа не ги убило”, изјавила Барбара.
Но, не застанала со бизарните изјави. Таа додала и дека “жали за нив двајца како и за Џексон” и изјавила дека “сексуалните потреби на Мајкл биле негови сексуални потреби” и дека вината треба да се бара кај родителите на жртвите. Вели и дека верува во наводите на Робсон и Сејфчек.
“Неговите сексуални потреби биле негови сексуални потреби, генетски предизвикани или од детството кое тој го имал. Жал ми е за децата, жал ми е за него. Ги обвинувам родителите кои им дозволиле на децата да спијат кај него”, вели пејачката.
“It didn’t kill them” @BarbraStreisand did you really say that?!#LeavingNerverland https://t.co/p4sIaPIHK6
— Dan Reed (@danreed1000) March 22, 2019
“Не ги убило, Барбара дали навистина го кажа тоа?!”, напишал режисерот на филмот Дан Рид на Твитер, а нејзините изјави покренале лавина од коментари на социјалните мрежи.
“Ми се гади од ова”, “За мене е готова. Засекогаш”, “Ќе ги запалам нејзините плочи по ова”, се само дел од коментарите.